Tuesday, January 10, 2012

Најголемите твитераши


Неодамна видовме статистика за тоа што сѐ се твиташе во светот во 2011. Оваа слика ни покажува една поинаква информација за оваа микро-блогерската платформа.
Зелените линии претставуваат физичко движење; виолетовите претставуваат одговори (или reply) од некој од една локација, на некој на некоја друга локација; додека белите линии ги претставуваат и двете движења заедно.
Со оглед на тоа што кај нас бројот на твитови од мобилен не е споредлив со тој во Америка, сепак последнава година има зголемен број на твитови од автобус што е добар почеток ;). А што се однесува до одговорите од едно место на друго, сигурен сум дека мапата би била центрирана во Скопје и би се ширела кон останатите градови.
Сепак она што зачудува е големиот број на твитови во и од Индонезија. Според некое истражување околу 21% од индонезијците се на твитер, правејќи ги најзависната нација на твитер. Иако многумина би очекувале дека процентот би бил најголем во Америка, сепак не е така. Па не мора американците да се први во сѐ нели?
Оригиналната статија можете да ја најдете тука.

П.С. Кои се најголемите твитераши во македонската твитосфера?

3 comments:

  1. Јас мислам дека Јована Тозија, Внукот и Нечовски треба да го делат првото место ;)

    ReplyDelete
  2. Внукот да не беше хипстер ќе победеше

    ReplyDelete
  3. sead93, ordanoskiv, banekoma, vlatkovasilj се се тоа класа твитерџии

    ReplyDelete