Tuesday, June 26, 2012

100 евра казна за пост на Facebook

Една девојка од Виена сакала да се прошета и решила да праша дали некој има дневен билет за јавен превоз во Виена, и не планира да го користи после 17:30 часот. Меѓутоа не ни претпоставувала дека нејзината приказна ќе стигне дури и до дневните весници во Австрија.
Проблемот бил што таа го постирала прашањето на официјалната страна на јавното сообраќајно претпријатие во Виена. Прочитајте што ѝ одговориле:

Friday, June 22, 2012

Twitter бон-тон

Можеби многумина ќе речат дека можеби и не сум некој си „влијателен“ твитерџија за да солам памет за некаков си twitter бон-тон, или за тоа како треба да твитате. Сепак јас сум таков тип на човек кој брзо ги учи правилата на игра и кој што може многу информации да прочита меѓу редови.


Ова се непишаните правила кои јас ги научив на твитер, а кои верувам многумина од вас ги знаат, а останатите можеби само ги имаат заборавено.
А за тазе твитерџиите се надевам дека ова ќе биде добра почетна точка.

Wednesday, May 23, 2012

Пропаганда на твитер

 Подолго време немав активно твитано (само повремено во #третасмена и по некој интересен линк) и некако не сум го видел следниот меншн.
Линк до твитот

 Јас многу не се замарам со вакви и слични пропаганди, ама не ми е јасно како го најдоа мојот твит без хаш таг?
П.С. Не знам сега дали едноставно да направам само блок, или да се впуштам во дискусија . . .

Thursday, March 8, 2012

Честит 8-ми Март

1.
Жената е… жената е …
Бело маче годиначе,
речна слатка тресопатка,
вита ива миризлива,
мека трева што подгрева,
боцкав венец крај кладенец,
мрава, сешто што преправа,
кревко птице назимниче,
тивка соба во злодоба,
прва љуба до прељуба,
свила што се распостила,
лето в сенка засолнето,
глина полна сончевина,
утро в сина виделина…

2.
Жената е… жената е …
гиздавица, жегавица, кивавица,
лизгавица, лигавица, ждригавица,
брадавица, државица, ракавица,
секавица, плусквица, букавица,
кукавица, валавица, палавица,
рскавица, витлавица, капавица.
брблавица, наздравица, и — лавица!

3.
Жената е… жената е …
Мома грда немаЖЕНА,
мома лична премаЖЕНА,
мома вредна трижмаЖЕНА,
млада вдова натаЖЕНА
пресна плуска раздраЖЕНА,
прва љубов разнеЖЕНА,
доцна вечер поснеЖЕНА,
златна лира обжеЖЕНА,
злост трижклета наеЖЕНА,
жед в сто грла намноЖЕНА,
ѕвезда в дланки доблиЖЕНА,
младост в жили раздвиЖЕНА,
мајка кутра загриЖЕНА,
сказна долга најслоЖЕНА,
жар во искри разлоЖЕНА,
желба в живот продолЖЕНА,
немаштина задолЖЕНА,
моќ со занес воруЖЕНА,
нејаснина опкруЖЕНА,
таа ЖЕНА … ЖЕНА … ЖЕНА!

4.
Жената те… жената те …
загледува, подгледува, надгледува,
завабува, забавува, заграбува,
преграбува, заслабува, доабува.
настрвува, зацрвува, оветвува,
расчувствува, блаженствува, тиранствува,
поседува, последува, проследува,
прославува, исправува, претставува,
прејадува, појадува, дојадува,
подгребува, прегребува, погребува,
досадува, засладува, подмладува,
зацедува, прецедува, доцедува,
у-ва, а-ва, и-ва,„
да е жива! да е жива!

П.С. Благодарност до Гане Тодоровски за овие прекрасни стихови

Tuesday, February 28, 2012

Кој е посекси - Twitter или Facebook?


Не е никаква тајна дека луѓето се однесуваат различно на различните социјални мрежи. Некогаш тоа зависи од „публиката“ на која се обраќате, а некогаш зависи од луѓето кои го следат секој ваш чекор (на пример роднините од странство :Р)
Според едно неодамнешно истражување се добиени интересни резултати. 40% од корисниците на twitter се сметаат себе си за секси, наспроти 28% од facebook корисниците.
За ситуацијата кај нас ќе оставам вие да одлучите во коментарите, а јас за инспирација ќе ви ги посочам следните два линкови:
Twitter V.S. Facebook


 P.S. Погледнете го и инфографикот на Mashable


Tuesday, January 10, 2012

Најголемите твитераши


Неодамна видовме статистика за тоа што сѐ се твиташе во светот во 2011. Оваа слика ни покажува една поинаква информација за оваа микро-блогерската платформа.
Зелените линии претставуваат физичко движење; виолетовите претставуваат одговори (или reply) од некој од една локација, на некој на некоја друга локација; додека белите линии ги претставуваат и двете движења заедно.
Со оглед на тоа што кај нас бројот на твитови од мобилен не е споредлив со тој во Америка, сепак последнава година има зголемен број на твитови од автобус што е добар почеток ;). А што се однесува до одговорите од едно место на друго, сигурен сум дека мапата би била центрирана во Скопје и би се ширела кон останатите градови.