Tuesday, June 26, 2012

100 евра казна за пост на Facebook

Една девојка од Виена сакала да се прошета и решила да праша дали некој има дневен билет за јавен превоз во Виена, и не планира да го користи после 17:30 часот. Меѓутоа не ни претпоставувала дека нејзината приказна ќе стигне дури и до дневните весници во Австрија.
Проблемот бил што таа го постирала прашањето на официјалната страна на јавното сообраќајно претпријатие во Виена. Прочитајте што ѝ одговориле:


Еве линк до оригиналниот пост, ако не го избришат во меѓувреме
За тие што не знаат германски, еве накратко што и одговориле:
„Здраво Ања, официјалната фан страна на Виенските Линии можеби не е вистинското место кадешто луѓето бараат помош за возење на црно (шверцање). Ќе ве молиме во наредните три дена да ја платите казната од 100 евра и следниот пат да си купите билет.

П.С. Не знам дали навистина ја казниле девојката или само се пошегувале на нејзина сметка, сепак на интересен начин ѝ одговорија и добија голема поддршка од фановите.

No comments:

Post a Comment